рибарство

Концесија за рекреативен риболов

02.12.2024 08:12

Распишан е јавен повик за концесионери за рекреативен риболов за 9 риболовни зони. Концесијата трае 12 години, а идниот корисник ќе биде избран со електронско наддавање. Крајниот рок е 30 дена од објавувањето и до кога можат да аплицираат и риболовните здруженија.

Концесиите за организирање на рекреативен риболов за 9 зони што го опфаќаат река Вардар, Треска, Брегалница, Пчиња, Црн Дрим, Црна Река и Охридско Езеро е за период од 12 години.

Право на учество на Јавниот повик имаат домашни и странски правни лица регистрирани за дејност рибарство и риболовни здруженија кои имаат право да конкурираат за повеќе места.

Покрај другите документи потребно е да се достави и доказ дека барателот ја има потребната опрема за вршење на рибочуварската служба и дека ќе вработи соодветен број лица за заштита на рибите или доволно членови доколку се работи за риболовно здружение.

Критериум според кој ќе се врши изборот е највисокиот понуден надоместок на електронското наддавање.

Надоместокот за концесија за рекреативен риболов е најмалку 10 проценти од вредноста на издадените дозволи на годишно ниво.

Краен рок за поднесување на понудите е 30 дена од објавување на повикот.

 

Методија Трајков