Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

02.12.2024 08:14

Утрово облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Викендот земјава под снежна покривка на повисоките места. Утрово облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје претпладне облачно, преку денот тивко, а облачноста ќе се намалува. По снежните наноси во сила се забрани за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Маврово, на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила е задолжително користење зимска опрема.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци.