Собрание
Денеска во Собрание заседаваат две комисии
02.12.2024 08:15
Денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија...

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе дискутираат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребни услуги, сите во второ читање.
