Препирки за експлозијата во Зубин Поток
Косовскиот премиер Албин Курти вели-точно е дека имало хибриден напад, како што претходно изјави српскиот претседател Вучиќ, но на Косово...

Приштина и Белград продолжија со препирките околу експлозијата на водниот канал Ибар-Лепенец во Зубин Поток. Косовскиот премиер Албин Курти вели-точно е дека имало хибриден напад, како што претходно изјави српскиот претседател Вучиќ, но на Косово. Обвини дека Србија спонзорирала напад во соработка со Русија за што се упасени две лица кај кои биле најдени униформи со ознаки од Руската Федерација. Белград отвори истрага.
„Овој напад се чини е поврзан со масовните напади на Русија врз Украина. Има цел да го стави населението во минимални услови за егзистенција. Веруваме дека Србија го спонзорира овој терористички напад на кинетичка војна против Косово, но во соработка со Руската Федерација“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.
„Водиме наша истрага која конечно ќе покаже кој го нарачал нападот. Имаме одредени сознанија и кој би можел да биде сторителот, но додека не ја завршиме истрагата нема да ја информираме јавноста и да ја префрламе вината на некој друг“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.
