Шветска

Гаши во дводневна официјална посета на Стокхолм

02.12.2024 08:25

Гаши и пратениците ќе остварат средби и со членовите на комисиите за надворешна политика и европски прашања и со високи претставници на министерствата за европски прашања, за надворешни работи и за одбрана...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, предводи парламентарна делегација во дводневна официјална посета на Стокхолм.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши ќе биде во посета на Шведска на покана на претседателот на Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлеан.

Во состав на делегацијата се и пратениците Дафина Стојаноска, Беким Сали и Митко Трајчулески.

Покрај средба со спикерот на шведскиот Риксдаг, Гаши и пратениците ќе остварат средби и со членовите на комисиите за надворешна политика и европски прашања и со високи претставници на министерствата за европски прашања, за надворешни работи и за одбрана.