Грузија

Нови протести во Грузија против замрзнувањето на преговорите со ЕУ

02.12.2024 08:30

Илјадници демонстранти пред парламентот во Тбилиси повторно повикаа на нови избори додека полицијата со водени топови и солзавец се обидуваше да ја растера насобраната толпа...

Нова ноќ протести во Грузија против замрзнувањето на преговорите со ЕУ. Илјадници демонстранти пред парламентот во Тбилиси повторно повикаа на нови избори додека полицијата со водени топови и солзавец се обидуваше да ја растера насобраната толпа. Приведени се неколку лица, а десетици се хоспитализирани.

„На секое прекршување на законот ќе биде одговорено со целосна строгостНиту оние политичари кои се кријат во канцелариите и ги жртвуваат членовите на нивните насилни групи нема да ја избегнат одговорноста“, изјави Иракли Кобахиџе, премиер на Грузија.

Брисел и Вашингтон предупредија на полициската бруталност. Русија пак внимателно ја следи ситуацијата.