свет
Сирија: Владините сили во контранапад против терористите
02.12.2024 08:41
Создадена силна одбранбена линија на армијата во северниот дел на Хама во обид да се спречи напредокот на групите кои го зазедоа Алепо...

Сириската влада почна контраофанзива против бунтовниците. Создадена силна одбранбена линија на армијата во северниот дел на Хама во обид да се спречи напредокот на групите кои го зазедоа Алепо. Белите шлемови јавуваат за десетици жртви и повредени во последниот воздушен напад врз Идлиб и Алепо. Сирискиот претседател Асад најави дека ќе се избори против терористите.
Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи во Дамаск. Вети дека ќе и помогне на владата да се спротивстави на ненадејната офанзива. Во истовреме, Ирак ги затвори сите граници поради новата ескалација во соседството.
