Од денеска приватните превозници се враќаат во сообраќај
На средбата беше постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по изминат километар...

Приватните превозници од денеска се враќаат на скопските улици, откако се откажаа од најавените блокади по одржаната координативна средба во саботата во Град Скопје. На средбата беше постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по изминат километар.
Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски во изјава за медиумите дадена по координативната средба изјави дека новите цени треба да се применуваат од 1 јануари.
Од Град Скопје информираа дека е донесен заклучок според кој во рок од 15 дена треба да се изготви анализа во која согласно утврдената методологија ќе се утврдат реалните трошоци за извршување на услугата јавен превоз.
