Зеленски: Да се најдат дипломатски решенија за враќањето на окупирана украинска територија
Германскиот канцелар Олаф Шолц во ненајавена посета на Киев. Зеленски тврди дека новоизбраниот претседател на САД, Трамп и неговиот тим го проучуваат планот за победа на Киев...

За првпат по две и пол години, германскиот канцелар Олаф Шолц во ненајавена посета на Киев. Германскиот лидер изјави дека Украина може да смета на помошта од Берлин, најавувајќи нови испораки на оружје во вредност од 650 милиони евра до крајот на декември.
Зеленски пак, изјави дека мора да се најдат дипломатски решенија за враќањето на окупирана украинска територија и дека таквите чекори може да се разгледаат само ако земјата биде доволно силна. Додаде дека новоизбраниот претседател на САД, Трамп и неговиот тим го проучуваат планот за победа на Киев и дека очекува дополнителни разговори со нив.
