Македонија

Инспекција во училиштето во Челопек откако деца во воени униформи на УЧК и пушки во рацете имале училишна приредба

02.12.2024 09:56

Според министерката за образование Јаневска, не се виновни децата, туку родителите кои гордо ракоплескаат на изведбата на нивните деца и раководството на училиштето кое дозволило да се организира ваква приредба.

Инспекција влегува во основното училиште „7 Март“ во тетовското село Челопек, откако се појавија фотографии на кои се прикажани деца облечени во униформи на УЧК и со пушки во рацете, на приредбата во училиштето за Денот на албанското знаме.

Според министерката за образование Јаневска, не се виновни децата, туку родителите кои гордо ракоплескаат на изведбата на нивните деца и раководството на училиштето кое дозволило да се организира ваква приредба.

Вели дека ваквиот чин е педагошки неисправен, нечовечен и законски казнив.