Претседателката на Судскиот совет поднесе неотповиклива оставка
Дамева, својата оставка ја објави на прес-конференција во Советот каде ги образложи причините за ваквата одлука. Изјави дека изминатиот период од страна на одредени политичари се правеле обиди да се наруши нејзиниот личен интегритет.
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
Дамева, својата оставка ја објави на прес-конференција во Советот каде ги образложи причините за ваквата одлука. Изјави дека изминатиот период од страна на одредени политичари се правеле обиди да се наруши нејзиниот личен интегритет.
Дамева се заблагодари на членовите на Советот, за кои рече дека имаат интегритет. Според неа, мнозинство во Советот се професионалци. Посочи дека најголема има за судиите кои не се додворуваат на политичарите. Нагласи дека политичарите треба да сфатат, дека судската власт е самостојна и независна.
