Верските лидери во Македонија повикуваат да се смират меѓуетничките тензии
Граѓаните да не потклекнуваат на обиди за нарушување на соживот. Поглаварите на петте верски заедници денеска потпишаа заедничка изјава дека заеднички ќе работат на зближување на народите. Ова доаѓа по инцидентите со државното знаме, кое на Денот на албанското беше искинато и запалено...

Живеењето во мултикултурно општество е голема благодат. Ги повикуваме граѓаните на Република Македонија да не потклекнуваат на некои обиди за нарушување на соживотот. Порака на лидерите на верските заедници во Република Македонија.
Средбата на разнообразни култури носи можност за облагородување на духот на човекот и за зголемување на креативноста на целото општество. Бог ни дал да живееме во една заедничка држава. Поглаварите потпишаа заедничко соопштение со кое повикаа на смирување на меѓуетничките тензии во Македонија.
Инцидентот со сквернавењето на македонското знаме на Денот на албанската азбука предизвика осуди од јавноста. И политичките партии се согласија дека е потребно поголемо единство и заедничка акција за зачувување на стабилноста, иако меѓусебно си ја префрлаа одговорноста.
Александра Спировска
