Нова мистерија во авиосообраќајот- загубен контакт со „Ер Алжир“

24.07.2014 14:11

Асошијетед прес, повикувајќи се на извор од авиокомпанијата, пренесува дека авионот не бил далеку од алжирскиот воздушен простор, кога екипажот бил замолен, поради слабата видливост, да ја заобиколи рутата, за да се избегне судир со друг авион...

Националниот превозник на Алжир „Ер Алжир“ соопштува дека загубил контакт со својот воздухоплов,  Ербас 320, потврди Алжирската управа за воздухопловство.

Контактот со авионот, кој летал на релација Буркина Фасо – Алжир, бил загубен по околу 50 минути од полетувањето, кога леталото било над Мали.  

Асошијетед прес, повикувајќи се на извор од авиокомпанијата, пренесува дека авионот не бил далеку од алжирскиот воздушен простор, кога екипажот бил замолен, поради слабата видливост, да ја заобиколи рутата, за да се избегне судир со друг авион.

Официјалните лица соопштуваат дека во авионот имало 110 патници и шест членови на екипажот.

Се уште нема детали и информации што се случило со авионот. Летот на релацијата Буркина Фасо–Алжир се одвивал четири пати неделно.