Две лица загинаа во бурата „Бора“ која ги зафати грчките острови
Две лица загинаа во бурата „Бора“ која ги зафати грчките острови во текот на викендот, носејќи обилни дождови и поројни поплави во неколку области...

Две лица загинаа во бурата „Бора“ која ги зафати грчките острови во текот на викендот, носејќи обилни дождови и поројни поплави во неколку области.
Островот Родос е една од најтешко погодените области, каде што возила биле носени од надојдените води. Драматично во Ситонија.
Граѓаните на Торони и на Порто Куфос се обидувале да го спасат својот имот, бидејќи поројните дождови навлегувале во куќи и кафеани и уништувале патишта. Пред невремето бил издаден црвен аларм.
„Бора“ донесе врнежи над 100 мм во неколку области и ветрови кои достигнаа брзина од 80 км/ч. Пријавени се прекини на електричната енергија и лизгање земјиште. Локалните власти ги повикаа жителите да бидат внимателни, бидејќи се очекува дополнително нестабилно време во наредните денови.
