Продолжува црната серија на Манчестер сити

02.12.2024 12:57

Манчестер сити ја продолжи серијата без победа на седум натпревари во сите натпреварувања - шест порази и еден нерешен резултат.

Ливерпул на домашен терен вчера го совлада Манчестер сити со 2:0 во натпреварот од 13. коло на Премиер лигата.

Головите ги постигнаа Коди Гакпо и Мохамед Салах (пенал), кој имаше и асистенција.

Ливерпул ја освои четвртата победа во низа во Премиер лигата. Екипата на Арне Слот постигна 34 бода и води на првенствената табела. На второто место се Арсенал и Челзи со по 25 бодови.

Тимот на Пеп Гвардиола се наоѓа на 5. место на табелата во Премиер лигата со 23 бода.