Судски совет
Дамева поднесе оставка, останува член на Советот
02.12.2024 13:11
Заминувањето од челната позиција доаѓа на неколку дена пред истекот на нејзиниот мандат, но по најавите на премиерот Мицкоски за реформи во правосудството...

Весна Дамева си даде оставка од претседателската функција, но останува во Судскиот совет. Заминувањето од челната позиција доаѓа на неколку дена пред истекот на нејзиниот мандат, но по најавите на премиерот Мицкоски за реформи во правосудството.
Анита Димитријевска-Велковска ја следеше прес-конференцијата.
