Германија

Вработените во фабриката на „Фолксваген“ започнаа со масовен штрајк

02.12.2024 20:26

Штрајкови се очекуваат во фабриките во Волфсбург, Хановер, Емден, Касел-Баунатал, Брауншвајг, Салцгитер, Кемниц и Дрезден...

Работниците во фабриката на „Фолксваген“ во југоисточниот германски град Цвикау утринава во 9:30 часот почнаа штрајк, придружувајќи се на националниот штрајк во германскиот автомобилски гигант.

Работниците во другите фабрики на „Фолксваген“ ќе им се придружат подоцна во текот на денот. Синдикатот ИГ Метал, кој го најави штрајкот во знак на протест против заканата на управата со намалување на платите и затворање на фабрики, повика на двочасовни прекини на работата во секоја смена.

Штрајкови се очекуваат во фабриките во Волфсбург, Хановер, Емден, Касел-Баунатал, Брауншвајг, Салцгитер, Кемниц и Дрезден. Работниците бараат зголемување на платите и заштита на работните места, а менаџментот ги присилува да се согласат на општо намалување на платите од 10 отсто. Управата планира и затворање на три фабрики во Германија, што досега не се случило. Без работа би можеле да останат илјадници луѓе.