Битола

Состојбата на Пелистер се стабилизира по изобилните наноси од снег, неколку села и денеска без струја

02.12.2024 17:07

Македонија вчера ја завеа снег, но за среќа, екипите беа подготвени. Проблеми имаше на Пелистер, каде полека се стабилизира состојбата со снежните наноси. Но, останува сè уште проблемот со напојување со електрична енергија на неколку потпелистерски села и ски-центарот „Нижеполе“...

По вчерашните наноси од над еден метар снег, состојбата на патните правци кон двата ски-центри полека се нормализира. Додека кон ски-центарот „Нижеполе“ се пробиваат и последните неколку километри на патниот правец кон „Копанки“ и хотелот „Молика“ се врши проширување и правење на такавиканите џепови откако ноќеска пред полноќ со натчовечки напори се стигна до целта.

Смирувачки тонови и од најголемата подружница на „Македонија пат“ која покрива над 1.400-тини километри патна мрежа и најопасните планински превои.

Ако обилниот снег донесе радост за љубителите на скијањето предизвика и проблеми за многу домаќинства.

Според информациите некои домови и викендици сè уште се во темница. На обилниот и влажен снег не одолеа старата преносна електрична инфраструктура. Екипи на ЕВН интензивно работаат на терен.

 

Стевче Митревски