Судски совет

Претседателката на Судски совет поднесе неотповиклива оставка од функцијата

02.12.2024 16:07

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Таа порача дека е недозволиво да се напаѓаат судии и обвинители, и оцени дека тие самите имаат сила да го отстранат канцерот во нивните редови. Дамева на заминување со апел до законодавната и извршната власт – да овозможат услови за спроведување на реформите во правосудството...

Во услови кога судството е опструирано од власта, а премиерот и пратеници изразуваат негативен став кон Судскиот совет, единствено ми останува да го заштитам личниот интегритет и да поднесам неотповиклива оставка – рече Дамева, најавувајќи го повлекувањето од функцијата.

Таа го повика премиерот да достави до Обвинителството докази за тврдењето дека фалсификувала записници од седниците, во спротивно побара јавно да ѝ се извини.

Дамева го напушта кормилото во Судски, но останува член. Иако беше закажана итна седница за избор на нејзин наследник, сепак падна договор друг ден да се бира претседател.

Критиките на премиерот, освен кон судиската фела се насочени и кон обвинителите за кои вели дека се неажурни и не постапуваат по кривичните пријави. Резултат на овие состојби, според Мицкоски, е ниска доверба во правосудството.

 

Анита Димитријевска – Велковска