Бислимоски: Не очекувам просечната цена на струјата за домаќинствата да биде поголема од еден отсто
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука, од јануари да ја намали мрежарината за 7 проценти. Дел од компаниите имале поголем профит од одреденото. Новата цена се подготвува, но, Бислимоски уверува дека по нова година, ќе нема значително поскапување на струјата.

Мрежарината поевтинува за седум насто од први јануари. Наместо 2,3, граѓаните ќе плаќаат 2,14 денари. Од РКЕ велат дека успеале да ја намалат цената за дистрибуција поради тоа што одредени компании имале поголем профит од она што е одобрено од Регулаторна. Дистрибуцијата влијае со 38 насто на крајната цена на електричната енергија.
Од први јануари Бислимовски очекува крајната цена на електричната енергија да не биде повисока од еден насто.
Граѓаните со неверување дека цената на струјата ќе остане иста. Стравуваат дека надлежните ќе ги зголемат сметките за електрична енергија.
Од Регулаторна велат дека во наредниот период ќе бидат насочени кон мерки за стабилизација на ЕСМ за зголемување на количествата на електрична енергија на слободниот пазар. За таа цел е потребно зголемување на производството. Долгот кон Електродистрибуција е 40 милиони и веќе трета година се плаќа, а во наредните години Бислимовски вели, ќе биде вратен преку цените за дистрибуција на електрична енергија.
Александра Велинова
