Лицата со оштетен слух заглавени во системот, оставени сами на себе
Силна битка со институции и медицина. На крајот препуштени сами на себе. Лицата со оштетен слух, заглавени во системот, не можат ниту да се образоваат ниту да напредуваат...

Осумгодишниот Давид пишува, смета, сака да работи на компјутер како мајка му. Успеав да го разберам дека ја накитил елката и го чека Дедо Мраз. Учи да зборува и добро му оди.
Воспаление на мозок била причина Давид да го изгуби слухот. На три години добил кохлеарен имплант, но не и можноста да слуша, бидејќи процесорот на апаратот во неколку наврати морал да се сервисира. Но, по операцијата проблем била рехабилитација којашто ја има само во Скопје и во Битола, а Давид живее во Велес.
За да ги турка работите за својот син и за други деца со оштетен слух ја основала организацијата „Кохлеарно срце“. Успеале да издејствуваат во државата да добиваат нова генерација на кохлеарни апарати, но лиценцирањето на центри во градовите за рехабилитација уште е во тек.
Систем за прифаќање на лицата со попреченост е предизвик на институциите. Надлежните велат, и тоа што постоело како систем е уништено изминативе години.
Иако сите ветуваа, во земјава сè уште нема регистар на лица со попреченост.
Наташа Јанчиќ – Менковски
