Зголемен капацитет и подобрени услови за престој во беровскиот Дом за стари лица
Министерот Златко Перински и амбасадорката Вероник Улман, заедно со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, како и градоначалниицте на Македонска Каменица, Виница и Зрновци, Димчо Атанасовски, Миле Петков и Борчо Коцев, го посетија Домот со што и официјално се означи имплементацијата на проектот вреден 23 милиони денари.

Зголемен е капацитетот на Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“ во Берово, а подобрени се и условите за престој во него како резултат на инфраструктурната поддршка овозможена во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.
Министерот Златко Перински и амбасадорката Вероник Улман, заедно со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, како и градоначалниицте на Македонска Каменица, Виница и Зрновци, Димчо Атанасовски, Миле Петков и Борчо Коцев, го посетија Домот со што и официјално се означи имплементацијата на проектот вреден 23 милиони денари.
Директорката на установата, Живка Бојчовска Каламадевска, објасни дека со поддршка на проектот се обезбедени услови за дополнително сместување на уште 28 стари лица со што се сега вкупниот капацитет ќе биде 67 лица, извршено е и хортикултурно уредување на просторот, купен е потребниот мебел, имплементиран е централен систем за греење и вентилација, а во тек е и набавка на 14 таблети, опрема за чајна кујна, фрижидери и перална. Извршено е и партнерно уредување околу објектот.
