Дом за стари лица

Источниот регион има голема потреба од домови за стари лица

02.12.2024 17:37

Источниот регион е со најголем процент на население над 65 години и со најмалку младо население во однос на државниот просек. Во периодот помеѓу два пописи истокот бележи 30 илјади жители помалку. Иселувањето на младите и стареењето на жителите го потенцира проблемот со недостиг на домови за стари лица...

Во источниот регион има два дома за стари лица со минимален капацитет. Во Домот за стари „Д-р Иван Влашки“ во Берово живеат 39 лица. Со пуштање во употреба на новата ламела капацитетот се зголемува за 28 станари, но на листа на чекање се околу 160 луѓе.

Во Штип во седум апартмани на Здружението на пензионери живеат дваесеттина лица. Новиот објект е недоизграден и осум години е со нерешен правен статус. Општина Штип поткрена постапка за добивање право на сопственост на објектот

Во застој е и реконструкцијата на Домот за стари во Пробиштип, што треба да биде дом за 55 лица. Петнаесет години се чека и на старт на изградба на дом за стари во Кочани со капацитет за 150 луѓе. До сега обезбедена е локацијата и проектот, но финансии за изградба нема

Истокот е најзасегнат од овој проблем заради трендот на стареење на населението и иселувањето на младите.

 

Славица Величковска