Муртезани: Зајакната соработка во процесот на ЕУ интеграција преку Реформската агенда
Орхан Муртезани, денеска учествуваше на панел-дискусија насловена „Зајакната соработка во процесот на ЕУ интеграција преку Реформската агенда“, национален настан во организација на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ)...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на панел-дискусија насловена „Зајакната соработка во процесот на ЕУ интеграција преку Реформската агенда“, национален настан во организација на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), којшто е посветен на унапредување на дијалогот за Планот за раст на Западен Балкан.
МЕП Муртезани се осврна на значењето на Реформската агенда и разбирањето на реформските процеси како политичка потреба и длабоко личен ангажман: „Реформите функционираат само кога ќе се поврзат со секојдневниот живот на граѓаните. Тие мора да создадат институции во кои луѓето имаат доверба, економии што генерираат можности и општества што се инклузивни и праведни. Реформите се повеќе од стратешка неопходност – тие се мерило за нашата зрелост како држава. Тие ја отсликуваат нашата способност да изградиме отпорни институции, да обезбедиме ефикасно и транспарентно демократско управување и да демонстрираме на нашите граѓани дека посветените напори денес водат кон опиплив напредок и подобар квалитет на живот во иднина.“ – истакна Муртезани.