Временска прогноза

Сончево и тивко со мала до умерена облачност

03.12.2024 08:05

Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност...

Времето денеска претпладне променливо облачно со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе се движи во интервал од-5 до 1 степен, а максималната од 3 до 10 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне сончево и тивко со умерена облачност.