Македонија во фокусот на „Џифони искуство“

24.07.2014 14:50

Македонија денеска е во фокусот на најголемиот филмски фестивал за деца и млади „Џифони искуство“.

Активностите почнуваат со прес-конференција на која ќе биде најавено претстојното второ издание на „Џифони Македонија“ што ќе се одржи од 8 до 12 октомври годинава, а ќе стане збор и за македонско-италијанската соработка во областа на филмот и културата воопшто.

Вчерашниот ден на 44–тото издание на фестивалот Џифони, мина во знакот на Хари Потер. Се потврди дека филмот го повтори успехот на книгата.

Програмата продолжува со ревија македонски филмови. Прикажани ќе бидат краткиот анимиран „Алерик“ на Вук Митевски, како и краткометражните играни „Мангава Диско Панк“ на Саша Станишиќ, „Бардо“ на Марија Апчевска и „За Ангела“, филм изработен лани, за првото издание на „Џифони Македонија“.

Учесниците на „Џифони искуство“ ќе може да ја видат и изложбата „Запознај ја Македонија низ фотографија“, но и да добијат брошури „Филминг ин Мацедониа“, како и каталози за македонските филмови од периодот 2013/2014.

Македонскиот ден ќе биде заокружен со настап на мултиинструменталистот Мухамед Ибрахими и дегустирање наши традиционални производи.