Поголеми права на малцинствата во Албанија и Македонија

13.12.2013 10:50

Во изминатите дваесет години

Во изминатите дваесет години билатералните односи меѓу Македонија и Албанија постојано се продлабочуваат и никогаш не биле подобри.  Целта на двете земји е влезот во европското семејство. Меѓу предизвиците останува почитувањето на правата на етничките заедници, на македонската во Албанија и на албанската во Македонија.
 
На синоќешниот прием во Тирана на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи , организиран од Македонската амбасада во Тирана, присуствуваа претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељановски, кој е во официјална посета на Албанија,  албанскиОТ колега Илир Мета, министерот за надворешни работи Дитмир Бушати, поранешниот претседател на Албанија Бамир Топи, други поранешни фунцкионери во албанската влада, претставници на дипломатскиот кор и на здруженијата и партиите на Македонците во таа земја.
Македонските партии бараат остварување на поголеми права во образовнието и учество во институциите во Албанија.