Правда

Трета тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет

03.12.2024 09:25

На тркалезната маса ќе се дискутираат условите и постапката за избор на членовите на Судскиот совет, нивниот мандат и одговорност, како и постапките за утврдување дисциплинска одговорност на судиите...

Министерството за правда, во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, денеска организира тркалезна маса во Апелациониот суд Штип, посветена на потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија. Ова е трет ваков настан, по претходните одржани во Скопје и Битола, со цел да се поттикне стручна расправа и да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес за унапредување на законската рамка за работењето на Судскиот совет.

На тркалезната маса ќе се дискутираат условите и постапката за избор на членовите на Судскиот совет, нивниот мандат и одговорност, како и постапките за утврдување дисциплинска одговорност на судиите. Заклучоците и препораките од оваа средба ќе послужат како основа за понатамошно подобрување на текстот на предложените измени и дополнувања на Законот за Судски совет.