Ракомет
Македонските ракометарки завршија на трета позиција на ЕП 2024
03.12.2024 09:32
Македонија на стартот на континенталниот собир беше поразена од Шведска, потоа одигра реми со Турција, а загуби од Унгарија...
![](https://mrt.com.mk/sites/default/files/mak%20uan.png)
Женската репрезентација на Македонија заврши на третата позиција во групата А на Европското првенство 2024, кое се одржува во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
Македонија на стартот на континенталниот собир беше поразена од Шведска, потоа одигра реми со Турција, а загуби од Унгарија.
Нашата репрезентација до третата позиција стигна, откако вчера Шведска ја декласираше Турција со 47:19, па така турските ракометарки со најлоша гол-разлика завршија на последната позиција во групата А.