МВР

Лишен од слобода крадец во Тетово

03.12.2024 21:30

Вчера во 13.30 часот на улица „Ван Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.М.(44) од Тетово...

Вчера во 13.30 часот на улица „Ван Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.М.(44) од Тетово.

Кај него било пронајдено патничко возило „опел зафира“ со тетовски регистарски таблички, сопственост на Х.М.(62) од с. Џепчиште, којшто истиот ден околу 09.00 часот пријавил дека му било одземено од дворот на неговиот семеен дом во с. Џепчиште.

Одземеното возило било вратено на сопственикот, додека лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.