Ѓоковиќ: Следната сезона ќе се борам за Гренд слем титули

03.12.2024 10:55

Мојата цел е барем уште еден слем трофеј пред да ја завршам кариерата, изјави Србинот за „Газета дело Спорт“.

Новак Ѓоковиќ изрази уверување дека и следната сезона ќе остане меѓу претендентите за најголемите трофеи во тенисот. По невообичаено лошата 2024 година за него, во која не успеа да освои Гренд слем за прв пат од 2017 година, светскиот рекет број 7 изјави дека неговата мотивација останува висока.

Иако беше тешка година, сепак верувам дека можам да играм на највисоко ниво. Мојата цел е барем уште еден слем трофеј пред да ја завршам кариерата, изјави Србинот за „Газета дело Спорт“.

Ѓоковиќ сугерираше дека личните проблеми и ограничениот распоред на натпревари влијаеле на неговиот настап, но е категоричен дека е подготвен да се соочи со ѕвезди од новата генерација како Јаник Синер и Карлос Алкараз.