Македонските ракометарки поразени од Унгарија на Европското првенство

03.12.2024 11:03

„Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме, но за жал следеше голем пад во второто за на крајот да бидеме и убедливо поразен.

Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа убедлив пораз на последниот меч на Европското првенство, откако беше поразена од домаќинот Унгарија со 29:19 (11-10).

„Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме, но за жал следеше голем пад во второто за на крајот да бидеме и убедливо поразен.

Најефикасна за македонскиот тим беше Ристовска со шест гола, додека за Унгарките исто толку постигна Шолози-Шатз.

Европското првенство го завршуваме со еден освоен бод од натпреварот против Турција во минатото коло, а претходно во првиот натпревар бевме поразени од Шведска.