Министерот за надоврешни работи на Италија во официјална посетна на Македонија

24.07.2014 15:55

Министерот за надворешни работи на Италијанската Република, Федерика Могерини, на 25 јули 2014 година ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија, информираат од македонското МНР.

Покрај средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, министерката Могерини ќе оствари средби и со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со претседателот на Владата, Никола Груевски и со вице - премиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, соопштуваат од МНР.

Централно место во разговорите се очекува да биде процесот на проширување на Европската Унија како еден од главните приоритети на тековното италијанско претседателство, во контекст на поддршката на Италијанската Република за почеток на преговорите на Република Македонија со ЕУ.

Покрај политичките релации меѓу двете земји, на средбите ќе бидат опфатени можностите за продлабочување на економските односи, како и билатералната соработка во останатите сегменти на општественото живеење, информираат од македонското МНР.

За време на посетата предвидено е и потпишување на билатералниот договор меѓу  Република Македонија и Република Италија за социјална сигурност.