Изложба во МСУ: „ПРЕКРШЕНО ВРЕМЕ. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“
Меѓународна изложба „ПРЕКРШЕНО ВРЕМЕ. И светот се пресоздава од тоа што го заборава”, преку седумте поглавја, за првпат презентира дела од колекцијата - во релација со дела на современи уметници, автори со потврдено и докажано глобално реноме.

Голем број куратори на пубиликата и понудија ново читање и иновативна интерпретации на делата од богатата збирката сместена во непроценливите депоа на МСУ.
Меѓународна изложба „ПРЕКРШЕНО ВРЕМЕ. И светот се пресоздава од тоа што го заборава”, преку седумте поглавја, за првпат презентира дела од колекцијата - во релација со дела на современи уметници, автори со потврдено и докажано глобално реноме.
Уметници од далечни светски дестинации и од поранешните југословенски републики, воспоставуваат интеракција со општествените превирања и текови, завземајќи позиција на аналитичари, критичари, па дури и хроничари. Преку контекстуален и критички пристап кон делата од колекцијата тие преиспитуваат историски и критички теми, но и сложени реалности на земјите коишто се конципирани како „периферни“.
Преку визуелната комуникација на класични дела, со инсталации, интервенции, експерименти и интердисциплинарен приод, се лоцираат поинакви приказни исклучени од доминантите наративи, кои носат голема еманципаторска моќ.
Репрезентативниот избор на дела од уметничката колекција на МСУ – Скопје, нуди можност да се видат оние кои ретко или воопшто не биле изложувани.
Познавачите и љубителите на уметноста не треба да ја пропуштат оваа можноста да го доживеат и искусат овој редок, комплексен и сложен проект, кој е дел од одбележувањето 60 години од основањето на Музејот на современата уметност – Скопје. Изложбата ќе биде отворена до 30 март 2025 година.