„Храбро срце“ бара поголема финансиска поддршка за трансплантации на органи
Реакција на Националното здружение „Храбро срце“. Велат, потребна е поголема финансиска поддршка за Програмата за трансплантации. За 2025 година за трансплантации на органи и ткива предвидени се само девет милиони денари...

Националното здружение „Храбро срце“ остро реагира на предлог буџетот за 2025 година. За трансплантации на органи и ткива се предвидуваат само девет милиони денари.
Пациентите се жалат, велат потребна е поголема финансиска поддршка за Програмата за трансплантации, да се даде шанса за живот на повеќе пациенти.
„За разни маргинализирани групи е даваат 90 милиони денари за превенција од болест за сексуално општење, а една голема група на пациенти, не по нивна волја, се во една тешка состојба да им треба орган за трансплантација“, вели Васко Јолески, претседател на НЗ „Храбро срце“.
Храбро срце со години бара и ослободување од партиципација.
„Досега не сме ослободени од плаќање партиципација. Последните разговори со претставниците на Владата и Министерството за здравство укажуваат на тоа дека од 01.01 2025 ќе сме ослободени од партиципација за здравствени услуги кои не вклучуваат лекарства“, додава Јолески.
До пред четири години буџетот за трансплантации на органи беше 10 милиони денари. Наместо да расте, оваа ставка се намалува.
Соња Рилковска
