Просветната инспекција заврши со вонредниот инспекциски надзор во ОУ „7 Март“
Засега сè уште не се составени записниците од надзорот на Државниот просветен инспекторат, веднаш штом ќе го добиеме извештајот ќе го презентираме во јавноста, вели Давор Политов, портпаролот на Министерството за образование и наука...

Просветна инспекција заврши со вонредниот инспекциски надзор во Основното училиште „7 Март“ во тетовското село Челопек. Засега сè уште не се составени записниците од надзорот на Државниот просветен инспекторат, веднаш штом ќе го добиеме извештајот ќе го презентираме во јавноста, вели Давор Политов, портпаролот на Министерството за образование и наука.
Инспекторите треба да утврдат одговорност за организирањето училишна приредба за Денот на албанското знаме во која учествувале ученици облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и со пушки во рацете, министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека имале дополнително пријави и за училиште во Чаир и Струга како и две училишта во Тетово.
