Безбедност

Состанок на министрите за надворешни во НАТО, помошта за Украина во фокус

03.12.2024 13:30

Министерот за надворешни работи Муцунски на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО, во седиштето на Алијансата во Брисел. Во фокусот актуелните безбедносни предизвици на НАТО...

Министерот за надворешни работи Муцунски на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на НАТО, во седиштето на Алијансата во Брисел. Во фокусот актуелните безбедносни предизвици на НАТО, како и актуелните состојби со руската агресија врз Украина.

Македонија продолжува да ја поддржува Украина, нагласи министерот Муцунски пред почетокот на состанокот.

„Ќе разговараме за предизвиците со кои се соочуваме, што остваривме од заклучоците од самитот во Вашингтон, да останеме силни и принципиелни во поддршката за Украина. Јасна е позицијата на НАТО околу Украина, мојата држава билатерално ќе продолжи да дава целосна поддршка за Украина, за нејзиниот територијален интегритет и за мировен крај на конфликтот“, нагласи шефот на дипломатијата Муцунски.

Одвојувањето за трошоци за одбраната од два отсто од националните БДП не е доволно и земјите членки на НАТО ќе мора да издвојуваат повеќе средства за зајакнување на своите одбранбени капацитети, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес-конференција пред почетокот на дводневниот состанок.

За да ја зајакне својата безбедност, според него, на НАТО му е потребна посилна одбранбена индустрија и зголемување на нејзиното производство, нешто што Русија, Кина и Северна Кореја веќе го прават.

Работниот дел од состанокот започна со заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии.

Викторија Милевска известува од Брисел