Убедлив пораз на јуниорите на стартот на ЕП
Актуелниот шампион Шпанија славеше против нашите надежи со 33-22(20-7) ...

Јуниорската ракометна селекција на Македонија со пораз го отвори настапот на Европското првенство во Австрија.
Актуелниот шампион Шпанија славеше против нашите надежи со 33-22(20-7) и ја потврди фаворитската улога во групата во која за избраниците на Зоран Петковски е речиси невозможна мисијата да се освои едно од првите две места.
Шпанската младинска ракометна фурија немаше милост кон нашите јуниори кои беа рамноправни само во почетните 10 минути во кои од 1-4 се вративме на 4-6. Веќе во наредните 12 минути во кои не постигнавме гол беше јасно каква ќе биде судбината на нашата репрезентација на стартот.
Фаворизиранииот противник со серија од 7-0 сурово ја казни конфузната и пропустлива одбрана, лесно го читаше бавниот, нерационален и неефикасен напад на македонските надежи, па негативата беше двоцифрена уште во финишот на првото полувремекое го загубивме со 20-7.
Во продолжението шпанскиот селектор со комбиниран состав си дозволи послободна игра во која нашите момчиња беа поефикасни и помотивирани.Со двојно повеќе постигнати голови успеја да го добијат полувремето и да најават подобра форма и резултати во наредните два меча во групата.
Утре се судираме со Франција од 14 часот а в недела од 18 часот противник ни е Норвешка.
