Граѓаните и институциите заедно против корупцијата
Во Битола на плоштадот Магнолија тимот на програмата „Граѓаните против корупцијата“ и претставници на државните институции преку директна комуникација одблиску ги информираа граѓаните за нивното значење и улога која можат со своите информации да помогнат во борбата против сузбивањето на корупцијата...

Без соработка на граѓаните со институциите неможе да има вистинска обединетост против корупцијата. За силна правна рамка и институции кои ќе се борат против ова општествено зло потребна е соработка со совесните граѓани и медиумите, но и како држава да се насочиме кон правење на ревизија на се она што е досега направено и реформи со кои уште во самиот корен ќе ја откриеме и нема понатаму да се шири порача владиниот претставник.
Правдата и чесноста не се само зборови туку принципи по кој треба да делуваме. Од Финансиската полиција нагласија дека се работи на законски измени во кој ќе се имплементираат повеќе реформи меѓу кои и онаа на внатрешна контрола.
Од Јавното обвинителство кое согласно според закон ги гони сторителите на кривични дела поврзани со коруптивните однесувања посочија дека во таа битка зависат и од соработката со другите државни органи и граѓански асоцијации.
Во таа насока од Државната комисија за спречување на корупција до граѓаните порачаа од важноста на нивната соработка бидејќи корупцијата не е проблем само за институциите туку проблем кој влијае на иднината на нашите деца.
Стевче Митревски
