Корејски полустров

Јужна Кореја прогласи воена состојба

03.12.2024 17:55

Претседателот на Јужна Кореја, Јон Сук Јеол, прогласи воена состојба, велејќи дека тоа е неопходен потег за да се заштити земјата од силите на Северна Кореја и да се отстранат антидржавните елементи.

Претседателот на Јужна Кореја, Јон Сук Јеол, прогласи воена состојба, велејќи дека тоа е неопходен потег за да се заштити земјата од силите на Северна Кореја и да се отстранат антидржавните елементи.

Јон ја обвини јужнокорејската опозиција дека владее со парламентот, ја симпатизира Северна Кореја и ја парализира владата со антидржавни акции.

Пјонгјанг претходно нареди да се разнесат делови од патиштата што ги поврзуваат двете Кореји, а беа и распореди војници долж линијата за разграничување.