Србија

Вучиќ: Македонско сценарио нема да се случи во Србија

03.12.2024 18:01

Српскиот претседател вели дека во Србија нема да се случи македонско сценарио, откако на протест во Нови Сад плоштадот беше обоен во црвено...

Српскиот претседател вели дека во Србија нема да се случи македонско сценарио, откако на протест во Нови Сад плоштадот беше обоен во црвено.

Вучиќ обвини дека опозицијата во Србија го следи патот на „шарената револуција“ од 2016-та во Македонија.

Протестот во Нови Сад беше организиран на еден месец од несреќата во која се урна настрешница на железничката станица во која загинаа 15 лица, а двајца се тешко повредени.