Телефонски разговор Ердоган-Путин
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, јави Анадолија...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, јави Анадолија.
Како што соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, двајцата лидери разговарале за односите меѓу Турција и Русија, за последните случувања во Сирија и за други глобални и регионални прашања.
За време на разговорот, Ердоган рекол дека Турција продолжува да го поддржува територијалниот интегритет на Сирија, но и прави напори за праведно и трајно решение во Сирија.
Тој посочи дека е важно да се отвори повеќе простор за дипломатија во регионот и дека сирискиот режим треба да се вклучи во процесот на политичко решение.
Ердоган рекол дека е најважно цивилите да не трпат штета.
Тој додал дека Сирија не треба да биде причина за уште поголема нестабилност и оти Турција прави се за да обезбеди мир во таа земја.
