Продолжуваат воените дејствија во Сирија
Не мирува Блискиот Исток. Сириските бунтовници го нападнаа градот Хама, заканувајќи се дека ќе ги отсечат владините трупи од клучниот пат што го поврзува главниот град Дамаск со Алепо...

Не мирува Блискиот Исток. Сириските бунтовници го нападнаа градот Хама, заканувајќи се дека ќе ги отсечат владините трупи од клучниот пат што го поврзува главниот град Дамаск со Алепо.
Во меѓувреме, владините сили вратија дел од териториите што ги загубија минатата недела. Американската војска изврши напад во самоодбрана во источна Сирија, соопшти Пентагон, наведувајќи дека тој не е поврзан со тековното напредување на бунтовниците.
Од Вашингтон тврдат дека силите поддржани од Иран претходно извршиле напади од областа. Во израелски воздушен напад врз автомобил во близина на сириската престолнина Дамас висок припадник на Хезболах одговорен за врска со сириската армија. Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека Израел е посветен на договорот за прекин на огнот со Хезболах, но порача дека тоа не значи дека војната е завршена.
