Грузија
Нови протести во Грузија, полицијата употреби солзавец
04.12.2024 08:14
Илјадници луѓе се собраа и синоќа во Тбилиси и други градови во Грузија на антивладини протести.

Илјадници луѓе се собраа и синоќа во Тбилиси и други градови во Грузија на антивладини протести.
Полицијата интервенираше со солзавец за да ја растера толпата. Масовните опозициски демонстрации добија нов замав по одлуката на владејачката партија да ги стави во мирување преговорите за пристап во ЕУ.
Премиерот Кобахидзе вчера изјави дека се подготвена да ги отворат поглавјата за пристап во ЕУ доколку блокот стави крај на уцените.
Во меѓувреме, Уставниот суд го отфрли барањето за поништување на парламентарните избори одржани на крајот на октомври, на кои победи владејачката партија грузиски сон, која е на власт од 2012 година.
