Намалена потрошувачката на месо во Кочани поради страв од листерија

24.07.2014 16:58

Пред неколку месеци, присуство на бактеријата е регистрирано во производите на кочанска фабрика за производство на храна. Два од седумте регистрирани е еден од четворицата починати со листерија се од Кочани. Кочанци исплашени од понатамошно ширење на заразата...

Редовна инсекциска контрола, пред неколку месеци регистрирала присуство на смртоносната листерија во производите на кочанска фирма.  Било забрането производите да се продаваат, но сопственикот на фирмата одбил да фрли пет тони храна. Откако на неговата идеја се спротиставил одговорниот технолог, храната сепак била уништена. Но стручњакот останал без работа.

За МРТ објаснува дека сепак не е потврдена поврзаноста со појавата на листеријата во Кочани. 

„Најчесто листеријате доаѓа преку загадено месо, купено од нелегелни фарми, недобро третирано или исчистено пред употреба“, изјави Душко Мицов, технолог за производство на преработки од месо.

Несовесност на поединци или нешто друго, зарази седуммина.

„Два случаја се од Кочани од кои што едниот е веќе починат“, изјави д-р Натка Каранфилова, епидемиолог во Центар за јавно здравје – Кочани.

Земените мостри од производители и трговци со храна се уште се анализираат во центарот за јавно здравје во Скопје.

Стравот од листерија и фактот што една од можните извори на заразата е месото и преработките, продажбата на месо и месни производи во Кочани ја намали за околу 40 %.

Оливера Жежова