Франција

Денеска седница за недоверба на Владата во Франција

04.12.2024 08:15

Франција се соочува со неизвесност за националниот буџет за 2025 година што доведе до најава од опозицијата за гласање недоверба на владата на премиерот Мишел Барние...

Франција се соочува со неизвесност за националниот буџет за 2025 година што доведе до најава од опозицијата за гласање недоверба на владата на премиерот Мишел Барние.

Екстремната левица и десницата се противат на предложените мерки за штедење на Барние кој предвидува намалување на трошоците преку зголемување на даноци.

Доколку денеска или најдоцна утре биде изгласана недоверба, втората економија по големина во ЕУ може да добие техничка влада пред изборите идната година. Францускиот претседател Макрон не верува дека владата ќе падне.