Стопанска комора

Стопанска комора организира саем за вработување

04.12.2024 08:17

Недостигот на работна сила е сериозен проблем со што се соочува економијата во нашата земја, а проблемот е уште поголем, бидејќи и увозот на работната сила на работници од трети земји, не ги дава очекуваните резултати, велат од Стопанската комора...

Стопанската комора на Северна Македонија организира саем за вработување, каде компаниите директно ќе разговараат и ќе ги интервјуираат невработените лица и доколку ги исполнуваат нивните услови, можат да ги вработат или да ги стават во нивните планови за вработување. Најавено е саемот да го отворат Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора и Џери Дајбл, претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија.

Недостигот на работна сила е сериозен проблем со што се соочува економијата во нашата земја, а проблемот е уште поголем, бидејќи и увозот на работната сила на работници од трети земји, не ги дава очекуваните резултати, велат од Стопанската комора.