Соработка
Министерот за безбедност на БиХ во посета на МВР
04.12.2024 08:21
Министерот Нешиќ ќе оствари средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски...
Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ со придружна делегација, денеска ќе престојува во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.
Како што соопшти МВР, министерот Нешиќ ќе оствари средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
