Парите од еврообврзницата легнаа на сметка
Парите од издадената, трета по ред еврообврзница, легнаа на сметката на земјава. Средствата ќе се користат за предфинансирање на буџетските потреби за наредната година, дел ќе остане и за 2016-та, а со нив ќе се сервисираат и обврските што достасуваат за плаќање в година, како издадедената обврзница од 2005-тата година вредна 150 милиони евра и отплатите кон ММФ.

Македонија издаде еврообврзница вредна половина милијарда евра, со рок на достасување од седум години и каматна стапка од речиси четири проценти. Еврообрзницата достасува за исплата на 24 јули 2021 година.