250 деца од социјално ранливи семејства од утре на одмор

24.07.2014 17:06

Утре 250 деца од социјално ранливите семејства ќе заминат на одмор во Струга. За најмладите, државата обезбеди бесплатно летување во детското одмаралиште „Мајски Цвет“. Досега на летен одмор заминаа 680, а до крајот на летото во Струга и Охрид ќе одмораат уште 1070 деца...

Од утре на плажите во Струга ќе летуваат 250 деца од социјално ранливите категории. Бесплатниот одмор што го обезбеди државата, ќе го минат во одморалиштето „Мајски Цвет“.

За некои од нив ова ќе биде прво летување. Нивните родители досега неможеле да гипратат на одмор во некои од туристичките центри. Премиерот Груевски кој неколку пати ги посети децата кои  преку владиниот проект одеа на летен или зимски одмор. Вели дека радоста кај нив е огромна, затоа проектот ќе продолжи да се спроведува.

„Огромен број на деца прв пат заминуваат на летен или зимски одмор, тоа е огромно нивно задоволство, големо доживување, нешто што ќе го паметат цел живот, нешто што на некој начин им помага да не се чувствуаат различни од другите деца кои редовно одат на годишни одмори, додека останатите деца кои се приматели на социјална помош не се во можност тоа да им го овозможат“, рече премиерот Груевски.

На бесплатен одмор годинава заминаа  680 деца, а до крајот на летото ќе заминат уште 1070 од социјално ранливите семејства. Проектот се релизира втора година по ред.

Викторија Тодоровска